Поранешен американски генерал: Путин е подготвен да употреби нуклеарно оружје во два случаи

Сподели со своите пријатели

Пензионираниот американски генерал Кевин Рајан за Business Insider ја коментираше моменталната ситуација во Украина.

Loading...

Тој смета дека војната може да заврши оваа година, но истовремено стравува дека Кремљ ќе се сврти кон опцијата за употреба на нуклеарно оружје доколку руските вооружени сили се соочат со пораз.

Рајан е убеден дека Русија „би користела нуклеарно оружје пред да дозволи нејзината војска да биде поразена на теренот“.

Путин постојано се закануваше дека ќе користи нуклеарно оружје откако нареди инвазија на Украина во февруари минатата година.

Сепак, поранешниот американски генерал претпоставува дека Кремљ може сериозно да размисли за неговата употреба само доколку Украина е „на работ да ја уништи руската армија на терен“ или ако украинските сили се подготвени повторно да го заземат Крим.

„Употребата на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици“

„Ако украинската армија има големи успеси напролет и продолжи да ја намалува руската армија и да се заканува со враќање на Крим, тогаш мислам дека руската армија и раководството би употребиле нуклеарно оружје, не само за уништување на украинските воени цели, туку и да ја убеди Украина дека продолжувањето на оваа војна ќе ја остави Украина во нуклеарен холокауст“, нагласи тој.

Тој додаде дека има „широк избор“ за употреба на нуклеарно оружје.

„Стапката на смртност би можела да биде блиску до Хирошима или би можела да биде многу помала ако имаат намера да испукаат само предупредувачки истрел во помалку населена област со нуклеарно оружје“, рече Рајан.

Loading...

Тој тврди дека употребата на нуклеарно оружје би имала катастрофални последици и би предизвикала смрт на неколку десетици илјади луѓе, но посочува дека тоа сепак не е најверојатното сценарио.

Рајан, кој служеше како воен аташе на САД во Русија, предвидува дека војната ќе заврши во ќор-сокак по немилосрдните борби и големите загуби на двете страни како најверојатното сценарио.

„Уништувањето на руската армија би предизвикало внатрешен револт“

Предвидувањата за крајот на војната оваа година се аргументираат со тезата дека борбите со ваков интензитет со високи стапки на смртност „веројатно нема да можат да траат уште 12 месеци“.

„Двете страни сè уште се премногу силни за да се согласат со тврдењата дека немаат шанси да победат во оваа војна. И двете армии имаат шанса да заземат повеќе територии, па затоа мораме да внимаваме на следните битки“, смета Рајан.

Рајан нагласува дека украинската армија станува посилна благодарение на воената помош од САД и другите западни сојузници, но „можеби не е доволно силна за да ги порази Русите“.

Тој потсетува дека Русија доживеа брутален пораз на крајот на Првата светска војна, што резултираше со доаѓање на комунистите на власт.

„Уништувањето на Русија, уништувањето на нејзината војска, во голема мера ќе ја ослабне земјата и ќе предизвика внатрешен бунт. Тоа може да доведе до ослободување на неконтролирани сили во Русија“, додава Рајан.

Заклучува дека војната нема да се решава некое време на преговарачка маса, туку со борби на терен.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.