Второто коло од кошаркарскиот шампионат ги донесе и првите нешто повисоки казни. Така, во билтенот број 2 за новата натпреварувачка сезона се наведени низа пропусти на екипите, за што следат соодветни казни. Куманово, Кожув и Фени индустри ќе платат казни по различни основи.
Loading...
Екипата на КК Куманово 2009 е казнета за фрлање и палење на факели според член 54.10 кој се казнува со парична казна во износ од 10.000 денари.
Само за потсетување на натпреварот Куманово – МЗТ, навивачката група Кумани во два наврати запали факели, но немаше инциденти ниту фрлање на истите.