Поради исклучена струја – пријавете дефект во ЈП Водовод на мобилен телефон

Сподели со своите пријатели

Освен Филтер и пречистелната станица, сите објекти на ЈП Водовод се исклучени од напојување со електрична енергија, согласно известувањето дека поради заостанат долг од 2,5 милиони денари, кумановското јавно претпријатие ќе биде без електрична енергија се до подмирување на долгот.

Loading...

Јавното претпријатие ”Водовод” заради новонастанатата ситуација, ги известува граѓаните дека поради проблеми со телефонската централа, службите на ЈП Водовод може да се добијат на телефонскиот број 070/334-130.

Според неофицијални информации, поради вчерашниот повеќечасовен дефект на нисконапонската мрежа и прекин на електрична енергија во атарот на село Доброшане каде што се наоѓа и пречистителната станица, вчера дошло до излевање на непрочистена атмосферска вода во водите на река Пчиња, при што дошло до помор на риби.

Дефектот во село Доброшане, т.е на ул. Октомвриска Револуција, Моша Пијаде, како и населба Зелен Рид, беше најавен од страна на РЦУК во 13:30 часот, без информација кога истиот бил саниран.