Поради хантавирус, 12 вработени во холандската болница ставени во карантин

Сподели со своите пријатели

Поради можна инфекција со хантавирус, 12 вработени во болницата Радбауд во холандскиот град Најмеген се ставени во карантин поради несоодветни безбедносни мерки, објавија денес холандските медиуми.

Дванаесетте вработени во болницата Радбауд биле вклучени во случајот на еден пациент – патник на крузерот „Хондиус“ кој беше позитивен на хантавирус, објавува „NL Times“.

Болничките работници не го следеле строгиот протокол при ракување со крв и урина на заразен пациент.

И покрај нискиот ризик од инфекција, работниците ќе останат во карантин шест недели како мерка на претпазливост, објави болницата Радбауд во понеделник, без да прецизира дали лицата во ризик се медицински сестри, болничари, лекари, студенти по медицина или други работни места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов сој на коронавирус откриен кај лилјаци

Три лица починаа од хантавирус по неодамнешната епидемија кај 147 патници и членови на екипажот на крузер под холандско знаме.

Две од жртвите беа идентификувани како брачна двојка од холандскиот регион Фрисланд, додека третата беше пријавена како Германка.

Досега, најмалку седум лица се позитивни на хантавирус, а неколку други се осомничени дека се носители на инфекцијата.