Саботното утро ќе биде претежно сончево низ земјава. Зголемување нна облачноста се очекува попладне, а локално во северниот крај облачноста може да донесе и повремени врнежи од дожд, кој во североисточниот крај можно е да биде проследен со грмежи. Навечер повторно се очекува разведрување, пишува порталот МетеоПро.
Температура ќе има максимална вредност помеѓу 21°С и 24°С во котлините во западниот крај. Долж повардарието и североисточниот крај се очекува максимална околу 25°С, додека југоисточниот крај очекува максимална околу 28°С.
Во околинатана Куманово денеска ќе биде претежно сончево во претпладневните часови, но затоа попладне ќе има услови за зголемување на облачноста која ќе донесе врнежи од дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе изнесува 20 степени целзоусови.