Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска ќе го посети Киев, објави владиниот портпарол Пјотр Милер, пренесува Ројтерс.
Loading...
„Ќе има неколку средби по ред, како и важни работи за кои ќе разговараме во однос на геополитичката ситуација, енергетскиот пазар и воената безбедност“, изјави Милер за Полсат њуз.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера беше во ненајавена посета на Киев и се сретна со високи украински претставници, меѓу кои и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.