Полски државјанин без документи приведен во липковско

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен државјанин на Полска бил приведен утринава во липковското село Лојане поради нелегален престој во Македонија.

Loading...

– Денеска (25.07.2024) во 02.20 часот во с.Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово го привеле О.Ч.(39) од Полска, со живеалиште во Израел, поради нелегален престој во државата, при што не поседувал ни документи за идентификација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој бил задржан во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски