Полициска акција во Ваксинце – на мета криумчарење со мигранти

Сподели со своите пријатели

Во селото Ваксинце, општина Липково, од рано изутрина, во тек е полициска акција за приведување и спречување на криумчарење мигранти.

Loading...

Засега нема официјални информации од МВР за тоа колку и дали има приведени осомничени лица.

Во истото село, според досието на МВР, живее и Адем Алили викан »ТУЧИ« кој се бара по наредба на Основен суд Куманово од 30.05.2001 година година за кривично дело по член 123 (убиство) од КЗ на РМ, како и лицето познато како Али Баба, кој наводно се занимава со криумчарење мигранти од Блискиот Исток.

Неофицијално, во селото во текот на акцијата немало вооружен отпор.