Денеска (22.07) од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа, преземени се мерки и активности во атар на с. Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141 куршум калибар 7,62 мм, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...