Сериски убиец од Лонг Ајлед е доказ дека модерната технологија се уште не може да помогне во апсењето на убијци кои се „добри“ во она што го работат. Тој убивал незабележливо 20 години.
Во последните 20 години, жителите на Лонг Ајленд во Њујорк, се тероризирани од страна на луд убиец. Постојат само неколку трагови и нема познати осомничени. Сепак, теророт трае повеќе од 20 години. Дури и со напредокот на технологијата, убиецот е непознат.
Истрагата од 2010 година по исчезнатата сексуална арботничка открила нешто повеќе од самиот труп. Полицијата открила остатоци на жена во вреќа, а потоа пронашле и најмалку 10 тела погребани на сличен начин. Полицијата започнала да стравува дека имаат сериски убиец во таа област.
ДНК тестирањето на остатоците поврзано е со неколку тела кои исчезнале на Лонг Ајленд уште од 1996 година. Поголемиот дел од исчезнатите се геј мажи и проститутки, а никогаш не биле пријавели како исчезнати. Тогаш населението е замолено да се јави доколку има неколку информации за овие луѓе или убиства. Резултатите ги нема.
Во 2011 година, полицијата во била близу да фати убиец кога пронашле уште шест тела во близина на депонија. Сепак, немале добри грагови во случајот. Потоа, полицијата октрила и била во состојба да идентификува некои од новите жртви, но се уште многу од нив се без познат идентитет, вклучувајќи и едно дете. Некои се сомневаат дека убиецот е поврзан со низа други исчезнувања кои датираат уште од раните деведесети.
Полицијата на Лонг Ајленд објавила профил на убиецот во кој едноставно пишувало дека веројатно е белец во свои доцни 20-ти или рани 30-ти години, запознаен со јужниот брег на Лонг Ајлед и има пристап до вреќи кои се користат за одложување тела.
Критичарите тврдат дека лицато кое е одговорно за ова мора да има над 30 години, поради датуиме кога се убиени луѓето. Неколку полицајци и локалното население шпекулираат дека серискиот убиец Џоел Рифкин би можел да биде одговорен барем за некои од откриените тела.
Сепак Рифкин (кој сега е во затвор) негира било каква вмешаност. Тој е упасен во 1993 година и осуден за убиство на девет жени, главно наркоманки и проститутки меѓу 1989 и 1993 година во Њујорк.
Полицијата исто така верува дека убиецот е запознаен со полициските техники, што објаснува и зошто и како бил во состојба да не биде откриен толку долго време.
Прилично е тешко за полицијата да приведе сериски убиец доколку истиот не направи грешка или истите сакаат да бидат откриени.
Нема подобар пример од озогласениот убиец од Лонг Ајлед, дури и со модерните форензичари.