Полицијата пронајде опојни дроги кај двајца кумановци

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по предходно добиено оперативно сознание а врз основа на издадена наредба од Основен суд Куманово, вчера (29.10.2015) во попладневните часови во Куманово е извршен е претрес на домoвите на браќата Д.Б.(41) и Т.Б. (35).

Loading...

При извршениот претрес кај Д.Б. се пронајдени и одземени: 1 грам наркотична дрога „кокаин“ и лекови Кетопровин, додека кај Т.Б. се пронајдени околу 10 грама „амфетамин“. При вршење на претресот во собата кај Т.Б. се затекнати лицата Б.Т.(33) и 16 годишно малолетно женско лице од Куманово при што на масата имало видливи трагови од користење на наркотична дрога. Сите лица се приведени во СВР Куманово каде што им е земена урина која е доставена на вештачењ

По целосно расчистување и документирање на настанот ке биде изготвена кривична пријава за сторени |две дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Инаку браќата Д.Б. и Т.Б. се познати сторители на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, имотни деликти и насилен криминал.