Полицискиот офицер Грант Морисон од сојузната држава Монтана – САД е снимен во солзи и каење откако сфатил дека тој всушност убил невооружено лице.
Случајот е јавно прикажан на 14 аптил ова година, откако на 7 јануари Морисон го застрелал Ричард Рамирез, подоцна окарактеризирано како оправдано пукање на полицаецот во самоодбрана, но…
Тоа што подоцна излезе во јавноста е дека полицаецот го убил Рамирез во паника, мислејќи дека откако го сопрел за сообраќајна контрола, убиеното лице ќе посегне по оружје, што подоцна се испоставило како неточно бидејќи во истрага било утврдено дека тој воопшто немал пиштол со себе.
“Тоа е една од најтешките одлуки што некогаш сум ги донел во мојот живот”, изјавил Морисон за време на неговото сведочење. Би сакал да не морав да го направам тоа.
Посакувам да знаев дека тој нема пиштол, но не смеев да преземам никаков ризик, пренесува полициското гласило на станицата во Билинг каде бил вработен полицаецот.