Реките Пчиња, Којнарка и Кумановка утринава имаат значително покачен водостој по обилните врнежи од дожд вчера и во текот на ноќта.
Според Управата за хдромеотеорлошки работи, врнежите кои паднаа во изминатите 24 часа предизвика зголемување на водостоите на реките, особено на тие во западниот дел на земјата.
Значително висок водостој е регистриран на реката Вардар во горниот дел од своето течение, на реките Треска, Кумановка, Голема (река Ресенска), како и на реките Сатеска и Радика, информираат од УХМР.
Во текот на денот се очекува и понатаму да бидат високи водостоите во овие сливни подрачја, за кон крајот на денот да има нивна постепена стагнација и постепено намалување.
– Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во западниот дел на земјата, стои во соопштението.
Според мерењата направени утринава од страна на Управата за хидрометеоролошки работи покачен водостој има и реката Пчиња. Мерната станица во селото Пелинце покажува 60 сантиметри водостој, кој е за четири сантиметри повисок од вчера.
Од фотографиите на терен евидентно е и покачено ниво на реката Којнарка.
Никола Ивановски