Почна со работа лизгалиштето во Куманово, бесплатно за сите (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Кумановци од денеска можат бесплатно да се лизгаат на лизгалиштето поставено во непосредна близина на градскиот базен.

Опремата која општината ја доби од Агенцијата за млади и спорт  е поставена претходните денови.

Граѓаните ќе можат да го користат без надокнада, изјави денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

– Ја користам приликата да се заблагодарам на Агенцијата, ние го ставивме во функција. Трошоците за функционирање ќе бидат на товар на општината и на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ кое ќе менаџира-изјави Димитриевски.

Тој изрази надеж дека ќе се почитуваат правилата за користење и појасни дека малолетните ќе мора да доаѓаат со родител или старател, кои потпишуваат изјава, по што се  добиваат лизгалки и се користат бесплатно.

Loading...

 Димитриевски вели дека претходно размислувале да го постават и на градскиот плоштад, но таму немало простор. За наредната година, додава Димитриевски, опремата ќе се искористи и како дел од зимско новогодишно село.

– Се надевам дека најмладите ќе уживаат во лизгањето-изјави Димитриевски.

Лизгалиштето ќе биде поставено до крајот на зимата.

Loading...

Leave a Reply