Почна реконструкцијата на улицата „Братство и единство“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкцијата на улицата „Братство и единство“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

Покрај простување асфалт, ќе се изградат бетонски рабници, ќе се санира и паркинг просторот во близина на градскиот стадион.

 

 

Влезот на улицата која почнува кај меѓуградската автобуска станица е доста оштетен со вдлабнатини кои го попречуваат движењето на возилата и на пешаците. На дел од улицата има и коцка.

На оваа улица сместени се и Домот за стари лица, административната зграда на „Чистота и Зеленило“, Агенција за поттикнување на земјоделството, спроти нив е паркот кој се реконструира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

 

Loading...

 

– Според договорот со избраната фирма на јавен повик „Кооп инженеринг“ Куманово, ќе се гребе асфалт, ќе се постави нов во два слоја, едниот од седум сантиметри, вториот од четири, ќе се санираат и нивелираат шахтите, тротоарот ќе биде висок со 18/24 бетон. Кај градскиот стадион ќе биде уреден паркинг просторот во површина од 685 метри. Вкупно ќе се санира површина од 5.853 метри, за што од буџетот се одвоени 11. милиони 805 илјади и 310 денари со вклучен данок на додадена вредност, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

 

 

Лани, со пари од прекуграничен проект заврши изградбата на атмосферската канализација на оваа улица при што беа изградени 684, 5 метри, дел од проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“ финансиран од Европската унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Изминативе години беа поставени и гасификациска мрежа, беше санирана атмосферската мрежа.

Loading...

МИА