Почина руска економистка. Државните медиуми тврдат дека паднала низ прозорецот

Сподели со своите пријатели

Валентина Бондаренко, руска економистка, почина на 82-годишна возраст откако паднала низ прозорецот од нејзиниот стан во Москва, објавија руските државни медиуми.

Loading...

Бондаренко, водечки научен соработник во Економскиот институт на Руската академија на науките во Москва, паднала низ прозорецот од нејзиниот стан завчера вечерта, изјавија од службите за итни случаи за новинската агенција Тасс.

„Таа падна низ прозорецот на нејзиниот стан, за жал, не беше можно да се спаси“, рекол изворот, според Newsweek.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешниот шеф на ЦИА: „Ако Путин победи во Украина, знам која земја ќе ја нападне следно“