Почина познатиот македонски актер Благоја Спиркоски – Џумерко

Сподели со своите пријатели

Во Прилеп денес почина Благоја Спиркоски – Џумерко (1946), познат македонски театарски и филмски глумец. Спиркоски беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.

Loading...

Во текот на својата актерска кариера, Џумерко оствари голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во тв-драмата „Солунски патрдии“.

Одигра улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година.