Почина и четвртото момче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни во кумановската населба Бедиње, пренесува Утрински весник повикувајќи се на извори од СВР Куманово.
З.И (17) од Куманово беше тешко повреден и по сообраќајната несреќа беше препратен во Ургентниот Центар во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случи околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот.
Автомобилот слетал директно пред цистерна која се движела по автопатот. За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.
Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово поминал со лесни телесни повреди.