По протестот во село Черкези – водоснабдувањето повторно нормализирано

Сподели со своите пријатели

Откако селото Черкези и високите градски зони повторно се соочија со десетдневен недостиг на вода за пиење заради затегнатите вентили на бај – пас системот лоциран близу Филтер Станица, вчера попладне, жителите на кумановското село кое се наоѓа на стариот пат за Скопје, решија да го блокираат патот, и така да побараат од надлежните да се реши проблемот на водоснабдување во летниот период.

Loading...

За време на протестот како што информираат од ЈП Водовод, пред жителите се обрати претседателот на месната заедница, Фадиљ Бајрами кој информираше дека бај – пас системот е ставен во повторна функција, и се очекува, водоснабдувањето да биде нормализирано во текот на ноќта.

Селото Черкези и високите градски зони, со секое сопирање на бај пас системот се првите населби кои губат притисок на вода, односно доаѓа до целосен прекин во водоснабдување поради поставеноста на населбите во високи зони.

Функцијата на бај – пас системот според претходните соопштенија на ЈП Водовод првенствено е повржана со дотур на екстра количини на вода од Липковската брана, која во сирова состојба, накнадно се преработува во Филтер станица а подоцна се дистрибуира до финалните корисници.

Затегањето на бај – пас системот со кој стопанисува ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле” стана редовна пракса за кумановчани.

 

 

 

Loading...