По повод 8 Септември – СДСМ организира прослава во месноста Три Круши

Сподели со своите пријатели

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев  по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, ќе положи цвеќе на гробот на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Во делегацијата што ќе ја предводи претседателот Заев ќе бидат и заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, информираат од Центарот за комуникации на СДСМ.

Loading...

 По повод Денот на независноста, СДСМ организира и прослава во месноста “Три Круши” во с.Драчево со почеток во 10.00 часот, со обраќање на Заев до граѓаните во 11.00 часот.

На празничниот пикник, каде што ќе биде организиран и ручек за присутните, се поканети сите граѓани.

Социјадемократскиот сојуз ќе се вклучи и во државното одбележување на празникот.

Делегација на СДСМ, предводена од потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски заедно со Благој Бочварски, член на И.О на СДСМ и Софија Куновска, пратеничка и претседателка на Градската организација на СДСМ Скопје, утре ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот Жена борец.