По најава за обилни дождови: ЦУК со апел до граѓаните и надлежните органи

Сподели со своите пријатели

Координативното тело на Центарот за управување со кризи врз основа на информаците добиени од УХМР дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекуваат врнежи на дожд и над 40л/м2, упати препораки до Единиците за локална самоуправа, Градоначалниците како и до ДЗС, ЦУК, ЕВН, АРМ и МВР при што се апелира:

Loading...

– Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат претставниците од ЦУК, ДЗС и МВР, додека градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување. Воедно,  градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови, континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите, апелираат од ЦУК.

Координативното тело упати апел и до Локалните самоуправи да се интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки, а сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК.

Припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, а возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ. Исто така се упатува и апел до месното население да помага и да се активира.

Надлежните институции ќе бидат во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.