Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден, Министерството за здравство продолжува со преземање на мерки произлезени од заклучоците на координативното тело околу активностите поврзани со бранот мигранти и нивен транспорт од Гевгелија до ГП Табановце, согласно новите измени на Законот за азил и привремен престој кој гарантира слободно движење на мигрантите во јавен превоз.
Во Визбегово со ОРУ вакцина се вакцинирани 3 лица, информираат од МВР додека, што се однесува до дезинфицирање на јавен транспорт, извршена е дезинфекција на железничката станица во Куманово и тоа на 800 м2 вагони и 100 м2 чекална и тоалетите во склоп на железничката станица.
На железничката станица во Табановце дезинфицирани се 400м2 вагони, а во Скопје 800 м2 вагони и 1500 м2 и во Гевгелија дезинфицирани се 600 м2 од полициската станица и три полициски возила, како и 1000 м2 од пероните и чекалната.
Loading...