По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град

Сподели со своите пријатели

По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град.

Loading...

Британската прекуморска територија претходно оваа година аплицираше за статус на град како дел од платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го испитаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година, јавува Би-Би-Си.

Гибралтар практично е повторно потврден како град, што британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како „огромно комплимент“ што ја слави „богатата историја и динамика“ на ова место.