Пиперките можат да се додадат во разни јадења, а можат да бидат и здрава ужинка за оние кои се грижат за својата линија. Во секој случај, овој зеленчук има повеќе придобивки за телото отколку што се мислеше.
Подобри когнитивни функции
Пиперките се полни со витамин Ц, дури имаат и повеќе од портокали.
Покрај зајакнувањето на имунолошкиот систем, овој витамин помага и во регулирање на крвниот притисок, и ги подобрува когнитивните функции на мозокот како што старееме.
Го зајакнуваат имунитетот
Во време кога „Ковид-19“ сеуште е распространет во нашиот свет, грижата за нашиот имунитет е поважна од кога било.
Покрај витамин Ц, пиперките се богати и со витамин А, кој го зајакнува имунитетот
Повеќето истражувачи веруваат дека овој витамин може да не заштити од заразни болести, бидејќи е потребен за изградба на клетки кои се борат со заразни болести.
Го подобруваат расположението
Друга неочекувана корист од пиперките е тоа што можат да ви го подобрат расположението.
Тие се богати со витамин Б6, кој е поврзан со подобрување на расположението и намален ризик од депресија.
Помагаат при слабеење
Пиперките, особено црвените, содржат капсантин.
Станува збор за соединение што дава црвена боја на храната, а најновите истражувања покажуваат дека ги намалува воспалителните процеси во телото и помага при слабеење.
Можат да го намалат крвниот притисок
Пиперките исто така содржат кверцетин, пигмент од групата флавоноиди кој делува како моќен антиоксиданс.