Петрушевски на средба со делегација од Кралството Камбоџа

Сподели со своите пријатели

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа средба помеѓу државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски и делегација од Кралството Камбоџа составена од пол. генерал Пор Фак, државен секретар и лидер на состанокот на високи функционери за транснационален криминал-Камбоџа, г-ѓа Виреак Вичеакта, заменик генерален секретар и постојан заменик-претседател на Секретаријатот на Состанокот на високи функционери за транснационален криминал-Камбоџа и други високи државни претставници.

Loading...

На средбата се разговараше за општата соработка помеѓу двете Министерствата за внатрешни работи, како и за можноста за унапредување на истата преку склучување на билатерални договори за соработка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државниот секретар во МВР Петрушевски учествуваше на експертска дебата организирана од ОБСЕ

Воедно, се разговараше и за унапредување на оперативната соработка преку засилување на напорите за борба против илегалната миграција и воспоставување на механизми за идентификација и безбедно и уредно враќање на лица кои не ги исполнуваат или повеќе не ги исполнуваат условите за влез, присуство или престој на териториите на двете земји.

Истовремено се спомена и меѓусебното учество во меѓународни иницијативи, како што е Меѓународната асоцијација на полициски академии (ИНТЕРПА), светска асоцијација за соработка за обука на полицијата меѓу полициските академии или еквивалентни институции.