Петгодишна ќерка на имигранти успеа на папата да му пренесе битна порака (видео)

Сподели со своите пријатели

Неделава, католичкиот папа Франциско престојува во САД, каде се сретна со американскиот претседател, а многу Американци посакаа и лично да го запознаат и да имаат шанса да го видат нивниот папа, па макар и од далеку.

Loading...

Една од нив е и петгодишната Софи Круз која успеа да се пробие низ полицискиот кордон за да дојде до него и да му подаде писмо кое сама го напишала, пренесува Вашингтон Пост.

Софи инаку е ќерка на двајца илегални имигранти во САД кои првин биле спречени да дојдат до папата, но нивната ќерка, користејќи прилика, доби ретка шанса да се запознае со него.

Таа дојде до него, а тој ја гушна и ја бакна во образ а потоа ги прифати нејзините подароци, пишува Хафингтон пост.

Инаку, Софи живее во страв дека нејзините родители ќе бидат депортирани, а со овој чекор, таа сакаше да укаже на потребата за промена на правилата за имигрантите во САД.

– Сакав на папата Франциско да му кажам дека сум тажна и дека се надевам дека тој ќе може да зборува со претседателот на Конгресот и да го легализира престојот на моите родители во Америка, бидејќи секојдневно се плашам дека еден ден, тие ќе ги отргнат од мене, вели малата Софи во изјава за Гардијан.