05.08.2019 13:39

Пет знаци дека мажот е добар во сексот


Сте пронашле нов партнер и подготвени сте да спиете со него. Но, како можете да знаете дали парнерот ќе добие „петка“ по завршување на акцијата? За среќа постојат знаци кои ќе ви кажат дали новиот маж во вашиот живот е вреден да ви стане и љубовник. Проверете дали ветува дека во таа улога ќе биде добар.

Се однесува како џентлмен

loading...

Ви отвора врата, ви помага да го соблечете капутот, се сеќава да ве праша за вашиот важен проект на работа? Се тоа се знакови дека мисли на вас, а ако е внимателен џентлмен надвор од спалната соба, можете да бидете сигурни дека кон вас ќе се однесува исто и кога светлата ќе се изгаснат.

Знае како да ве допира

Добриот љубовник е оној кој ја чини сензуалноста и надвор од спалната соба. Мажот кој ви ја допира косата за време на вечера, нежно ве допира по грбот додека излегувате низ вратата, незабележително ве допира за рака, се знаци дека така ќе ве допира по целото тело. Исто така, оваа работа ветува дека ќе имате добар секс.

Не се врти се околу енго

Многу е веројатно дека тип на маж кој ќе ви каже да зборувате малку за неговиот автомобил, нема да биде некој со кој ќе сакате да го пвоторите сексот, ако до него воопшто и дојде. Во кревет ќе ве направи среќни оној кој прво ќе ве праша како сте го поминале денот, ќе ве одведе во вашит омиленр есторан иако не е најголем обожавател на таа храна, ќе погледне со вас романтична комедија…

Не му се брза никаде

Мажот кој со вас сака озбилна врска знае дека сте вредни чекање. Затоа, ако ви кае да почекаме или не ми се брза немојте да мислите дека ве одбива, туку знајте дека сака подобро да ве запознае за да во креветот биде уште подобар партнер.

Покрај него се чувствувате прекрасно

loading...

Мажот покрај кој во кревет ќе се чувствувате слободно не штеди на комплименти, па ќе ја пофали секоја ситница која ќе ја забележи на вас и која ќе му се допадне. И на начин на кој ве гледа ќе се чувствувате секси и привлчена. Таква хемија ветува совршен секс.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments