Пет жени го тужат Тексас затоа што им ги ускратил правата за абортус

Сподели со своите пријатели

Пет жени ја тужат американската сојузна држава Тексас, тврдејќи дека им бил одбиен абортусот, иако бременоста ги загрозила нивните животи, што е прва таква тужба откако Врховниот суд на САД минатата година ја укина одлуката Роу против Вејд од 1973 година, која им гарантираше на жените право на абортус.

Loading...

Тужителите бараат од државниот суд во Остин да појасни дека лекарите не можат да бидат кривично гонети за абортус доколку, според нивното мислење, постапката е неопходна за да се спаси животот или здравјето на пациентот.

Тексас дозволува абортус во случај на опасност по здравјето и животот на трудницата, но тоа не е доволно јасно и лекарите одбиваат да направат абортуси за да не ја изгубат лекарската дозвола, а можат да бидат казнети и до 99 години затвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напаѓачот на Трамп изјавил за АФП: „Путин е терорист, мораме да му ставиме крај“

Тексас е една од 13-те држави каде практично е укинато правото на абортус

Тексас е една од 13-те држави каде практично е укинато правото на абортус.

Аманда Зуравски, една од тужителите, била хоспитализирана поради предвремено кинење на мембраните, што значело дека фетусот не може да се спаси, но ѝ било кажано дека абортусот не може да се изврши се додека феталното срце не престане или нејзината состојба не стане критична.

Зуравски добила сепса и завршила на интензивна нега и дури тогаш била одведена да абортира.

Останатите четири жени абортирале во други држави за да избегнат сериозни здравствени компликации.

Поништувајќи ја одлуката Роу против Вејд, Врховниот суд во својата одлука во јуни 2022 година нагласи дека абортусот не е забранет, но дека сега поединечни држави можат сами да дозволат или ограничат прекин на бременоста.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

„Уставот не дава право на абортус. (случаите) Ро и Кејси се поништени, а моќта за регулирање на абортусот е вратена на народот и неговите избрани претставници“, дел од новата одлука што ја објави судот тогаш.