Пет брачни двојки од Куманово се заветија на љубов пред Бога (фото)

Сподели со своите пријатели

Во црковниот храм ”Света Петка” во кумановската населба Бедиње, вчера се одржа групна венчавка на која пет брачни двојки го крунисаа својот духовен брак.

Loading...

Групната венчавка се спроведува по втор пат во оваа црква, а трет пат во епархијата со благослов на митрополитот на Кумановско-осоговската епрахија г. Јосиф. Сопружниците кои со години се во граѓански брак се решиле понатамошниот брачен живот да го поминат со исполување на Светата тајна венчавање.

– Никој не се сомнева во љубовта на овие брачни двојки, но со венчавањето ќе го имаат Христа меѓу себе за да биде водител во нивниот живот, изјави отец Антонио Стоилковски од црквата „Света Петка“.

Отец Стоилковси воедно испати апел до сите парови кои не го крунисале својот брак во црква, да се пријават и заедно со свештениците  да пронајдат заеднчко решение за сите проблеми и да не го започнуваат својот заеднички живот без Светата тајна – венчавање.

Loading...

На групната венчавка се одлучија и брачни парови кои се брак 37 или 45 години, со сведоци како што се нивните деца или внуци.

 

Биљана и Горан Димиќ кои денеска се венчаа по 23 години брак им се заблагодарија на епархијата, митрополитот на Кумановско-осоговската епрхија и свештенослужителите кои овозможија групно венчавање.

Венчавањето во црква стана тренд изминативе дваесетина години, зашто, како што велат свештениците, за време на социјализмот, ретко кој помислувал на црковна церемонија.

Leave a Reply