Песков: Русија е подготвена да му пружи правна помош на Павел Дуров

Сподели со своите пријатели

Русија е подготвена да му пружи правна помош на ко-основачот на платформата Телеграм, Павел Дуров, кој е приведен во Франција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Се разбира, со оглед на неговото (на Дуров) руско државјанство, ние сме подготвени да ја пружиме потребната помош, но она што ја комплицира ситуацијата е фактот што тој е и француски државјанин“, изјави Песков на новинарите, пренесува Риа Новости.

Утре му истекува притворот на Дуров, а претходно тој мора да се појави пред судот или ќе биде пуштен на слобода.

Поради обвинувањата за нарушување на слободата на говорот, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека притворот на Дуров не е политичка одлука, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

Основачот на Телеграм, кој има француско државјанство, беше приведен во саботата навечер на аеродромот во Париз Бурж веднаш по излегувањето од приватниот авион со кој летал од Азербејџан.

Според соопштението на обвинителството во Париз, властите ја истражуваат вмешаноста на Дуров во прикривање информации за нелегални активности на интернет, вклучително и дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога.

Според медиумите, бизнисменот може да се соочи со затворска казна до 20 години.

Од руската амбасада во Франција за Риа Новости изјавија дека француските власти досега одбивале да соработуваат со притворот на Дуров.

Loading...