Песков: Обвинувањата на Туск за наводни терористички акции од Русија се неосновани

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека наводите на полскиот премиер Доналд Туск дека Русија планира „терористички акции“ се целосно неосновани обвинувања.

Loading...

„Ова не е ништо повеќе од уште едно апсолутно неосновано обвинување против Русија. Полска е позната по таквите обвинувања, дури често се обидува да биде лидер на ова поле во споредба со другите европски земји“, рече Песков, пренесува РИА.

Туск вчера изјави дека „последните информации може да ја потврдат оправданоста на стравувањата дека Русија планирала терористички акти во воздух, не само против Полска“.

За време на заедничката конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, тој рече дека Украина може да смета на полската поддршка и помош и дека темелите на пријателството и соработката меѓу двете земји се „очигледни, безусловни и нема да се променат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински војник: Кога се ранети, Севернокорејците ставаат бомба под главата и добра ноќ

„Украина може да смета на полската поддршка и полската помош. Јас сум исто така убеден, и тоа е една од моите задачи, дека (со тоа) и помагам и ја поддржувам целата ЕУ во одбраната од бруталната агресија на Русија“, нагласи Туск.