Пешак од кумановско Лопате тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишен пешак од кумановското село Лопате е тешко повреден откако во него удрил жител на Слупчане со автомобил.

Loading...

– На 17.10.2022 во 08.07 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Куманово – Липково и локален пат за село Лопате, патничко возило „опел зафира“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.И.(28) од село Слупчане, липковско, удрило во Љ.М.(54) од село Лопате, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски