Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден околу 15.30 часот во с. Долно Којнаре во близина на Сточниот пазар, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ марка „Опел- Олимпија“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (70) од Куманово, удрило во велосипедист М.П.(74) од с.Долно Коњаре- Куманово, при што истиот се здобил со тешки телесни повреди.
Loading...
Повредениот пешак бил пренесен во Општа Болница – Куманово, а оттаму во неконтактибилна состојба и во животна опасност пренесен е во УЦ Скопје.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово.