Пентагон следи повеќе од 650 случаи на НЛО

Сподели со своите пријатели

Американската влада следи повеќе од 650 потенцијални случаи на неидентификувани воздушни феномени, познати како НЛО, и досега не се пронајдени веродостојни докази за вонземски активности, изјави Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO) на Пентагон.

Loading...

„Во нашето истражување, ААРО досега не најде веродостојни докази за вонземска активност, вонземска технологија или објекти кои им пркосат на познатите закони на физиката“, рече Киркпатрик за време на сослушувањето во Комитетот за вооружени служби на американскиот Сенат за активностите на ААРО, пренесува Си-Ен-Ен.

Вчера рече дека бројот на забележани НЛО се зголемил од 350 пријавени во разузнавачки извештај за неидентификувани воздушни феномени објавен претходно оваа година.

– Околу половина од 650 случаи на кои им дадовме приоритет на набљудување поради интересна аномална вредност. Сега треба да ги поминеме за да утврдиме колку имаме реални податоци – изјави американскиот функционер и додаде дека неговата канцеларија им помага на Пентагон и на разузнавачката служба во идентификувањето на новите технологии на странските земји.

По тој повод тој објави видео снимки од две декласифицирани НЛО, едното е разрешено, а другото за кое сѐ уште нема објаснување.

– Имаме индиции дека некои инциденти, особено оние кои се карактеризираат со напредни технички можности, се поврзани со странски фактор – рече Киркпатрик. Ваквите случаи, рече тој, се проследуваат до разузнавачката служба за понатамошна истрага

 

Loading...