Карла Хасинто е една од многуте жртви на секс трговијата. Откако паднала во рацете на трговците со луѓе, оваа Мексиканка вели дека ја силувале околу 43.200 пати.
Четири години поминав во пекол со трговците на луѓе. Ме силуваа околу триесет пати дневно, седум дена во неделата. Ме намамија со убави реченици. Чекав автобус во Мексико Сити, кога момче кое продава слатки на улицата ми пријде и ми подари колач. Ми рече дека ми го испраќа мажот кој стоеше неколку метри подолу. Почетната несигурност и зачуденост ја отфрли со убави зборови. Се претстави како продвач на автомобили и разменивме броеви – вели Карла за СиЕнЕн.
Кога мажот ја повикал неколку недели подоцна, таа признава дека била возбудена. Ја повикал на пикник и и рекол дека сака да ја провози во својот нов автомобил.
Кога го видов во скапоцениот автомобил не можев да верувам на моите очи. Дури мајка ми ја убеди да ме пушти со него. Ми купуваше обувки, слатки, беше вистински џентлмен. По неколку недели ме присили да се занимавам со проституција. Се се промени – додава Мексиканката.
Карла работела од 10 наутро до полноќ. Ја силувале секојдневно. Кога еден муштерија и направил „шливка“ на вратот, нејзиниот макро говорел дека е оштетена роба и ја тепал со ланец за казна. Дури ја жигосувал со врело железо.
Еден ден во хотелот кој бил нивна постојана база влетале триесетина полицајци. Ги истерале макроата надвор и ја затвориле зградата. Карла е најдена и спасена?
Мислев дека конечно е крај, но хоророт продолжи. Полицајците не затворија во соби, натераа да се соблечеме и не снимаа со камери. Се заканија дека снимките ќе ги испратат на нашите семејства доколку не правиме што ќе ни кажат, а тогаш не силуваа. Имав само 13 години, а имаше и девојчиња кои само што наполнија 10 – додава Карла.
На 15 години забременила и родила девојче. Макрото и го одзел бебето и забранил да го видува. Спасот дошол во 2006 година во вид на антитерористичка единица која ја разбила групата макроа во која биле и нејзините робовласници.
Карла денес има 23 години и е еден од главните борци против трафикингот во Мексико. Во јули го посетила Ватикан, каде ја пречекал папата Фрањо со кој зборувала за Тенанцинг и злосторниците кои таму врбуваат девојчиња.