Вашингтон и Пекинг треба да работат заедно за да избегнат недоразбирања и погрешни проценки, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Loading...
„Кина е посветена на постигнување мирен соживот со САД, но тајванското прашање е во сржта на нејзините интереси“, изјави портпаролот на министерството Жао Лиџијан на редовната прес-конференција во Пекинг, пренесе Ројтерс.
Ваквата реакција на Министерството дојде како одговор на прашање за средбата меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот американски колега Џозеф Бајден, што се очекува следната недела на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали.