Пчиња повторно двојно под просекот

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња повторно е двојно под просекот за овој период од годината, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според последните мерења направени утринава околу 07:30 часот на емрната станица во атарот на селото Пелинце, нивото на Пчиња е 26 сантиметри.

Тоа е скоро двојно под просекот, кој за овој период во изминатите години изнесувал 55 сантиметри.

Забележано е намалување од еден сантиметар споредбено со вчера.

Нивото на Пчиња годинава е постојано далеку под просекот во споредба со минатогодишните мерења.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава