Парете го лицето две недели за да имате совршена кожа

Сподели со своите пријатели

Кожата на лицето речиси е невозможно  совршено да се исчисти со препаратите за чистење и миење, ама затоа пак тука е парењето лице, прастара метода на нега која речиси е потполно заборавена.

Loading...

Руската водителка на МТВ Анита Боумик потсетува на методата на парење на лицето, благодарение на која има совршено чисто лице.

“За да ги отворите порите, главата ставете ја под крпа и над жешка вода во поголем сад, на неколку минути. Но, бидете внимателни, водата не смее да биде многу топла за да не се попарите. Потоа измијте го лицето. Ефектот е многу подобар отколку кога само се измивате, затоа што порите на овој начин се исчистени“, ја објасни Анита за Huffington Post методата која ја има научено од нејзиниот татко.

Парењето на лицето, и покрај технологиите и препаратите, дефинитивно се задржа како многу важна метода на нега, а ја користеле уште и старите Римјани.

Предностите се бројни – отвора пори, ги отстранува мртвите клетки, помага против акни и проблематичен тен и ја поправа циркулацијата.

Затоа, најмалку на две недели, исчистете го лицето со парење и тоа на следниов начин:

– Лицето прво исчистете го од нечистотијата и шминка на вообичаен начин.

– Извриената вода истурете ја во поголем сад и над неа наднесете го лицето (секако не преблиску за да не се попарите)

– Преку главата ставете поголем пешкир.

Loading...

– Останете така неколку минути.

– Ако сакате, водата можете да ја “зачините“ со некој чај за смирување, како што е на пример камилица.

– Потоа измијте се добро со обична ладна вода и нанесете крема.

ВНИМАНИЕ

Ако боледувате од болести на кожа кои предизвикуваат црвенило, ако кожата ви е склона кон црвенило или имате почувствителни капилари, немојте да применувате парење на лицето. Исто така, ако при парењето почувствувате каква и да е непријатност, веднаш сопрете ја постапката.

Leave a Reply