Освен што ја ублажува болката парацетамолот не спречува и да сочувствуваме со туѓата болка, покажуваат најновите истражувања. Имено, научниците сметаат дека омамувањето на делот од мозокот задолжен за чувство на болка, ги отежнува сочувствувањата на болката со другите.
Со оглед на претходните студии за овој лек, кои покажуваат дека парацетамолот ги „затапува“ чувствата на радост, има уште многу тоа да се научи за него, велат експертите од Државниот универзитет во Охајо.
– „Acetaminofen“ (американскиот назив за парацетамол) може да ја намали способноста за емпатија, што е загрижувачки. Емптатијата е важна. Ако се скарате со брачниот партнер, а непосредно претходно сте испиле парацетамол, вашата способност да сфатите зошто сте го повредиле се намалува – велат експертите.
Ова не е единствениот изненадувачки ефект од овој лек.
Претходните истражувања наведуваат на заклучок дека аналгетикот го олеснува донесувањето на тешките одлуки. Научниците од Универзитетот Кентаки велат дека луѓето имаат единствена способност да донесуваат сложени одлуки.
Кога тоа го прават понекогаш користат зборови кои се доведуваат во врска со физичката болка, на пример влеат дека ги боли срцето што мора да ја продадат куќата во која со години живееле.