Папата патува во Казахстан на Конгресот на светските религии

Сподели со своите пријатели

Папата Франциск во вторник пристигнува во тридневна посета на Казахстан, каде ќе учествува на меѓународна верска средба, но нема да се сретне со рускиот православен патријарх Кирил, кој останува во Москва.

Loading...

По слетувањето во главниот град на Казахстан, Нур-Султан, поглаварот на Католичката црква ќе се сретне со претседателот Касим-Жомарт Токаев и со дипломати.

За 85-годишниот папа, кој страда од проблеми со коленото и поголемиот дел од времето го поминува во инвалидска количка, тоа ќе биде трето патување во странство во 2022 година, по патувањата во Малта и Канада.

Во главниот град Нур-Султан, кој до 2019 година се викаше Астана, ќе се одржи седмиот Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

За прв пат папа учествува на собир организиран од казахстанската влада.

На првиот ден од конгресот, в среда, ќе има заедничка молитва и билатерални средби, а собирот ќе заврши во четврток со изјава на верските поглавари.

Франциск исто така планира да одржи миса.

Средбата со рускиот православен патријарх Кирил, на која се надеваше Ватикан, нема да се одржи бидејќи рускиот верски поглавар, кој жестоко ја брани руската агресија врз Украина, нема да патува во Нур-Султан.

Loading...