Паника во Словачка: Дојава за бомба во катедрала

Сподели со своите пријатели

Катедралата Света Елизабета во словачкиот град Кошице денеска добила закана за бомба, поради што полицијата во моментов ја пребарува црквата.

Loading...

Овој пат заканувачкиот мејл е испратен до Католичката црква, а неговата содржина е слична на содржината на мејловите што стигнаа до училиштата низ Словачка на почетокот на неделава, соопшти регионалната полиција, пренесува ТАСР.

„Ситуацијата ја имаме под контрола. Веднаш презедовме безбедносни мерки. Покрај полицајци, на терен има и куче кое е специјално обучено да бара експлозив. Во близок контакт сме со претставници на црквата. Заедно со нив, полициските екипи најостро ги осудуваат ваквите закани за напади врз цркви“, се наведува во соопштението.

Училиштата и судовите низ Словачка добија извештаи за поставени бомби и мини претходно оваа недела, но полицијата не најде никаков експлозив за време на претресот.