Паланчанец се тепал со обезбедување на казино во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишник од Крива Паланка бил приведен откако викендов по расправија започнал физичка пресметка со обезбедување во казино во Куманово.

Loading...

– На 04.11.2023 во 04.50 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(23) од Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, околу 03.30 часот во казино во Куманово, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.П. и В.Т.(49) од Куманово, вработен како обезбедување во објектот, кој употребил и тврд предмет.

Како што додаваат од полицијата, Д.П. агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

– По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, додаваат од МВР.

Никола Ивановски