Падна седумка на лото – за уплата од 120 денари, скопјанец доби 120 000 евра

Сподели со своите пријатели

Педесетото коло кое се реализираше вчера, а беше емитувано во редовниот термин на ТВ Сител на среќниот добитник му донесе 125.000 евра, соопштија од Државната лотарија на Македониија.

Loading...

Ова е третата седумка во 2015, а 11-та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

Седумката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се осум комбинации, од кои добитна е шестата со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место „Толлакс“ на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари.

Покрај седумката, изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во „Сигма“, а другата во Скопје, во „Лубито“, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20 000 евра.

Вчера беа постигнати и 7 добивки со по 6 погодоци и 188 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци. 50-то коло ќе се забележи и со до сега најитересната табела на добивки, со постигнати сите можни добивки од оваа игра на среќа