Ожалостените непланирано се развеселиле: Колач со марихуана по грешка послужен на погреб

Сподели со своите пријатели

Еден погреб во источна Германија завршил ненамерно во поинакво расположение, кога ожалостените по грешка биле послужени торта со марихуана, соопшти денеска германската полиција во Росток.

Loading...

По погребот, било објавено дека присутните се собрале во ресторан во Вјајдин да пијат кафе и да се послужат со торта, обичај по погребот во Германија, но откако ја јаделе тортата, 13 лица се чувствувале лошо и имале вртоглавици по што побарале лекарска помош.

Истрагата открила дека вработениот во ресторанот, задолжен за тортите, побарал 18-годишната ќерка да ги испече, но погрешно ја зела погрешната торта од фрижидерот и ја послужила на погребот.

Таа по грешка зела торта со марихуана направена за друга прилика.

Полицијата соопшти дека 18-годишното девојче е под истрага.

Исто така се тврди дека инцидентот се случил во август, но дека од почит кон ожалостените е објавено сега.

Leave a Reply