Овој јазик ќе биде глобално популарен и посилен од англискиот

Сподели со своите пријатели

Веќе неколку децении, англискиот јазик е доминантен во однос на сите други светски јазики. Денес во светот се говорат околу 7.000 јазици, но забележан е значителен тренд на одумирање на голем број од нив.

Loading...

Од друга страна, пргонозите се дека англискиот јазик ќе ја изгуби позицијата најпопуларен јазик и тоа најдалеку до 2115 година, објавува „ Discovery Channel Network“.

Моментално четвртина од населението знае да комуницира на англиски јазик на одредено ниво. Англискиот официјално се зборува во 30 земји ширум светот, односно преку 500 милиони луѓе го зборуваат како официјален или мајчин јазик.

Меѓутоа, науката се почесто зборува за фактот дека доста работи ќе се променат до половината на овој век. Голем број експерти се раководат со проднозите дека англискиот јазик од позицијата најпопуларен светски јазик ќе го симне францускиот.

Денес францускиот јазик како мајчин јазик го употребуваат 220 милиони луѓе, а се смета дека до 2050 година овој број ќе биде зголемен за три пати, односно ќе го зборуваат 750 милиони луѓе.

Се очекува дека францускиот јазик ќе преовладува и над кинескиот и над англискиот. Она поради што оваа прогноза има силна поткрепа е фактот дека голем број афрички нации го говорат францускиот јазик. Силниот економски развој на афричкиот континент укажува и на силен пораст на популацијата, што е уште еден силен елемент во користењето на теоријата за францускиот како иден најдоминантен јазик во светот, се наведува од страна на „Discovery Channel Network“.

Јазиците кои исто така сигурно ќе имаат изразен раст во смисла на популарноста се кинескиот и индискиот. Во случајот со овие два јазика флавен фактор е бројноста на популацијата, па затоа се смета дека и автоматски популарноста на овие јазици ќе биде во пораст. Во Кина живеат над 1,3 милијрди, додека во Индија 1,2 милијарди жители.