Овој Индиец тврди дека е роден во 1835 година

Сподели со своите пријатели

Индиецот Махасхта Мураси, кој живее во Варанаси, на северот на Индија, пристигна во светската јавност благодарејќи на неговото тврдење дека има 179 години.

Loading...

Мураси, наводно е роден во Бангалор на 6 јануари далечната 1835 година, а се шпекулира дека постојат и документи кои тоа можат да го потврдат.

Старецот целиот свој живот работел како чевлар, поточно до 1957 година, кога во 122-та година од животот заминал во пензија.

– Можеби ангелот на смрта заборавил на мене – вели Мураси, а пренесува „ World Bulletin“. Мураси додава дека живее толку долго, што ги надживеал внуците на неговите внуци.

Овој старец нема сериозни медицински проблеми, а за да целосната приказна биде уште побизарна, неговиот последен лекар починал во 1971 година.

Доколку се испостави дека годините на Мураси се вистински, научниците би можеле по него се обидат да ја откријат тајната на долговечноста.