Mercedes-Benz G63 AMG е секако еден од најмоќните и најлуксузните теренци кои некогаш се пласирале на пазарот. Меѓутоа, за поедини купувачи тоа не е доволно. Тука настапува „ Inkas Group“, компанија која сигурно за само еден милион долари од овој теренец може да направи она што вие ќе го посакате.
Специјалноста на оваа компанија од Торонто е од овие луксузни лимузини да прави најсигурни возила на светот, па не е ниту чудно што клиентите и се најмоќните луѓе во светот.
Mercedes-Benz G63 AMG во основната верзија делува импозантно. Тоа е џип со тежина од два и пол тони,со воено педигре и од 0 до 100 km/h може да достигне за неверојатни 5,3 секунди.
Конструкторите од Мерцедес дури направиле и монстум за шест тркала.
Меѓутоа кога овој мерцедес дојде до Inkas Group, тој се трансформира во оваа застрашувачка мат црна лимузина која пра’а јасна порака. За тие оние кои се прашуваат дали и возач оди со овој мерцедес, одговорот е ДА.
Оваа канадска компанија освен моќниот изглед, на овој теренец му надоградува многу повеќе, а тоа е сигурност. Комплетниот автомобил е во целост имун на куршуми од различен калибар.
Инкасовиот мерцедес е во состојба да издржи и бомбашки напад.
Срцето на оваа лимузина го претставува 5,5 литарскиот biturbo V8 агрегат кој испорачува 544 коњски сили.
Во сировата верзија оваа непробојна лимузина изгледа причлично соголено.
Меѓутоа, бидејќи овој автомобил е наменет за личности кои имаат навики на чист луксуз, така и внатрешноста се прилагодува на потребите.
Има мини бар, ЛЦД телевизор, специјални светла кои прават пријатна атмосфера, како и полнач за преносливи уреди доколку се задржите на пат.
Удобните кожни седишта се дел од страндардната понуда на компанијата.
Доколку сте во потрага по совршено збебедна патничка канцеларија ова е вистинската работа за вас.