Ендру Тејлор оваа година не јадел ништо освен компир. неговата бурна диета претрпела многу бурни критики, но нему му го променила животот.
Бил зависик од храна и морал на присилна диета, а избрал компир. Некои му зборувале дека то а е дсота нездрав начин за губење на килограмите, други не му еврувале дека ќе издржи година дена, но ги надминал сите критики и препреки и за нешто помалку од година дена зигубил 50 килограми.
Патев од клиничка депресија и компирот ми помогна да се изборам со тоа. Не пиев антидепресиви, многу подобро спијам, а дури беќе не чувствувам болки во зглобовите кои ги добив играјќи фудбал пред десетина години. Поминував денови јадејќи пржена мрсна храна, сладоледи, торти, чоколади, пици и пиејќи премногу газирани пијалоци и сфатив дека сум зависник. Кога сте алкохоличар и тоа го сфатите веорјатно сакате да престанете да пиете. Исто така кога сте наркоман сакате да престанете да се дрогирате. Но, еднсотавно не можете да престанете да се храните, па размислив и сфатив дека компирот е нешто што може да го јадам – вели Тејлор.
Додава дека компирот е здрава намирница, полна со јаглехидрати, но и протеини, масти, влакна и витам Ц. Неговите здравствени наоди покажуваат дека го избрал добриот пат, холестеролот му се намалил, крвниот пристикот се намалил, како и нивото на шеќер во крвта.
Признал дека пвите две недели му биле вистинско мачење, но подоцна еднсотавно престанал да размислува задруга храна. Дневно јаде три до четири килограми компири, оди во ресторани во кои се подготвуваат, а на вечерата кај пријателите си носи компири.
Loading...