Некои хороскопски парови едноставно не можат да имаат ништо повеќе од секс за една ноќ, затоа што освен што се компатибилни во креветот, ништо друго не им е заедничко, а еве за кои знаци станува збор.
Лав и Овен
Овните сакаат да испробуваат нови работи, а страствените Лавови се отворени за се, што ги прави совршен пар, но само во креветот. Надвор од него двата знаци се поприлично напорни и скаат да ги контролираат партнерите.
Водолија и Риби
Овие два знаци толку се слични па поради тоа никако не функционираат во љубовната врска, но затоа сексот им е прекрасен па најдоброто решение за нив, ако постои меѓусебна привлечност, да бидат пријатели по потреба.
Рак и Бик
Кога овие два знаци спијат заедно, тоа не е секс туку најнежно водење љубов. Но, токму затоа што двајцата се исклучиво емотивни, љубовните врски меѓу Ракот и Бикот најчесто завршуваат по првата караница, односно обостраните солзи.
Стрелец и Риби
Ова е идеален пар за секс на една ноќ и ништо повеќе од тоа. Стрелците сакаат авантури, излегувања и дружење, додека романтичните Риби во врска имаат некои други приоритети.
Шкорпија и Овен
Сексот меѓу двајта најексплозивни хороскопски знаци едноставно мора да биде предобар, а се повеќе од тоа ветува само катастрофа.