Ова се украинскиот министер и неговите соработници кои загинаа во Киев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна во близина на градинка во источното предградие на главниот град Киев.

Loading...

Покрај министерот Денис Монастирски, загинаа и неговиот заменик Евген Јењих и државниот секретар Јуриј Лубкович.

Меѓу жртвите има три деца, а уште 10 од нив се во болница. Во хеликоптерот бил и министерот Денис Монастирски со уште осуммина.

 

 

Началникот на националната полиција Игор Клименко на Фејсбук напиша дека хеликоптерот и припаѓа на украинската државна служба за вонредни состојби.

По падот, во близина на градинката избувнал пожар, а децата и вработените биле исфрлени од зградата. Остатоците од хеликоптерот беа видливи пред запалената зграда.

Loading...

Во моментот на падот било темно и магливо, а првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинка пред да се урне во близина на станбена зграда.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.